Вучиќ: Србија е подготвена за разговори со Приштина
Важно е да се трага по мир и компромис, а да не се бараат причини за конфликти, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по разговорите со италијанскиот премиер Џузепе Конте. Тој истакна дека Србија, по укинувањето на таксите е подготвена за разговори со Приштина, што во иднина може да доведе до некакво консензуално решение.
Ставот на Србија е дека воведувањето на такси од 100 отсто претставува кршење на ЦЕФТА и на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и дека тоа е нешто што рационалните луѓе не го прават. Вучиќ додаде дека и покрај тоа Србија е подготвена да продолжи со дијалогот, кога ќе се реши ова прашање.