Приведен американски новинар во Венецуела
![Приведен американски новинар во Венецуела](https://gdb.rferl.org/DA974F06-A5F3-47CA-9DA5-C47B41B72C38_w800_h450.jpg)
Американскиот новинар Коди Ведл кој е дописник на неколку медиуми во САД денеска е приведен во Венецуела, соопштија од организацијата за заштита на новинари во Каракас. Во нивниот писмено соопштение е наведено дека имале информации дека припадниците на воената разузнавачка служба утринава му упаднале во станот на новинарот да го распрашуваат за неговото известување за случувањата на границата на 23 февруари и дека по тоа нема никаква вест за него. Адвокатите на организацијата се обидуваат да го пронајдат каде е однесен новинарот по приведувањето за да му понудат правна помош. Војската на Венецуела на 23 февруари се спротивстави на обидот да влезе хуманитарна помош во земјата по што во немирни протести се судри со демонстранти при што седуммина загинаа а над 300 демонстранти беа повредени.