Туск: протестите се типични за демократијата
![Туск: протестите се типични за демократијата](https://gdb.rferl.org/F6B20FF7-751D-4E44-A251-62C57FC8362D_w800_h450.jpg)
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск за време на состанокот со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека протестите се нормални и типични за едно демократско општество. „Тоа не е проблем, тоа е дел од нормалното функционирање на демократските општества“, рече тој, наведувајќи дека на поддржувачите на политиката на проширување на Унијата им се потребни добри аргументи за натамошен напредок на интеграциите.