САД ги укинуваат извештаите за цивилни жртви во напади со дронови
Претседателот на САД Доналд Трамп ја укина политиката со која американските разузнавачи се повикуваат да пријават цивилни жртви при напади со дронови надвор од воени зони.
„Оваа акција ги елиминира излишните барања за известувања, барања кои не ја подобруваат транспарентноста на владата, туку го одвлекуваат вниманието на нашите професионални разузнавачи од нивната примарна мисија“, вели претставник на администрацијата на САД.
Пратениците и групите за човекови права го критикуваат извршниот налог на Трамп, велејќи дека тоа би можело да и овозможи на ЦИА да спроведе напади со дронови без одговорност.
Претходникот на Трамп, Барак Обама, ја оваа политика ја постави во 2016 година како дел од напорите за поголема транспарентност во однос на зголемениот број на напади со дронови.
Со неа беше потребно ЦИА, која спроведува напади со дронови во Авганистан, Пакистан и Сомалија, да објави годишни резимеа за нападите со дронови на САД и да направи проценки за бројот на жртвите.