Србија - Платформата во Приштина значи крај на дијалогот
Србија усвојувањето на платформата во косовскиот Парламент го оцени како крај на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Со усвојувањето на платформа со која се вели дека еденствен исход од дијалогот е признавање, не третирајаќи права и состојба на Србите, значи дека Приштина испраќа порака дека тоа е крај на дијалогот, изјави вечерва директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ откако косовското Собрание ја усвои Платформата на државниот тим за преговори со Белград.
Ѓуриќ вели дека одлуката на властите во Приштина ја става Србија во најтешка положба од 2011 година кога, како пто истакнува, Албанците заедно со западните партнетри ставија граница на Јариње и Брнаќ. Тој додаде дека претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре наутро закажал итна седница на Советот за национална безбедност.
Платформата усовена во Приштина предвидува сеопфатна и законски обврзувачка спогодба за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, а за неа во косовскиот Парламент гласаа 61 пратеник и еден беше воздржан. Вонредната седница на самиот почеток ја напуштија пратениците на двете најголеми опозициски партии, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување. Детемината пратеници на Српската листа го бојкотираат Собранието веќе од ноември кога беа воведени такси на увозот на производи од Србија и БиХ.
Премиерот Рамуш Харадинај во обраќањето на почетокот на денешната седница ја отфрли можноста изгласувањето на платформата да резултира со повлекување на одлуката на санкции на српскиот увоз, наведувајќи дека тоа ќе се случи кога Србија ќе ја признае независноста на Косово.
Приштинската Платформа меѓу другото предвидува меѓусебно реципрочно признавање на Косово и Србија во рамки на постојните граници, почитување на правата на албанската заедница во Србија, решавање на сите отворени прашања со Србија и укинување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
Во документот се вели дека неговата цел е решавање на сите отворени прашања што им овозможуваат на двете држави да го признаат суверенитето една на друга и да го отворат патот на Косово кон ЕУ и НАТО.