Со преквалификации до стручен кадар во индустриите?
Во Македонија има многу мал интерес за упис во средните стручни училишта и тоа резултира со недостиг на кадар. Во некои стручни училишта има и паралелки со три ученици. Од металската индустрија посочуваат дека е неопходно да се намали и разликата меѓу знаењето и потребите на пазарот на труд.