Заев потврди дека лидерската средба ќе се одржи в недела
![Заев потврди дека лидерската средба ќе се одржи в недела](https://gdb.rferl.org/F562AE8F-A738-44D9-9026-6FFFF43C225E_w800_h450.jpg)
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека е потврдено оти лидерската средба со претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се одржи в недела.
Тој по презентацијата на резултатите од проектот за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата во Клубот на пратениците не го прецизираше терминот на средбата.
На средбата, како што е најавено, ќе стане збор за три клучни прашања, претседателските избори, реформските закони и Специјалното јавно обвинителство.