Вучиќ најави мерки за платформата на Приштина
Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретнал со американскиот подсекретар за политички прашања Дејвид Хејл. Според соопштението на неговиот кабинет, Вучиќ наведува дека „Платформата за дијалог, усвоена вчера во Приштина, во суштина е одлука на Приштина за прекинување на дијалогот со Белград“.
Тој на Хајл му порачал дека Србија во релативно краток рок ќе донесе мерки со кои ќе реагира на неисполнувањето на обврските од Бриселскиот договор, на воведувањето такси и на одлуката на Приштина за прекин на дијалогот со Белград, како и тоа дека ставот на Србија ќе биде одлучен, сериозен, одговорен и цврст.