Mej: Можеби никогаш нема да ја напуштиме ЕУ
![Mej: Можеби никогаш нема да ја напуштиме ЕУ](https://gdb.rferl.org/62317149-1D1A-44D9-82E7-7EB560A62734_w800_h450.jpg)
Британската премиерка Тереза Меј предупреди дека никој не знае што ќе се случи ако пратениците следната недела не го прифатат нејзиниот предлог за договор за брегзит и дека Велика Британија можеби и никогаш нема да ја напушти Европската Унија, пренесе весникот „Индипендент“.
Премиерката исто така апелираше ЕУ да биде подготвена за компромиси за време на преговорите и порача: „Одиме веќе да завршиме со ова“. Меј додаде дека британските пратеници се пред тежок избор при што ќе треба да го поддржат брегзит или да го отфрлат.
„Поддржете го договорот и Британија ќе ја напушти Европската Унија. Отфрлете го и никој не може да знае што ќе биде потоа. Можеби ќе ја напуштиме ЕУ само по неколку месеци, може ќе излеземе без заштита што ја нуди договорот, а можеби и никогаш нема да излеземе“, кажа британската премиерка” порача Меј.