Потпишана спогодба за отворање на граничниот премин Маркова нога-Лемос
Шефот на дипломатијата Никола Димитров и алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу денеска во Скопје потпишаа Спогодба за отворање на нов граничен премин во регионот на Преспанското езеро, Маркова нога-Лемос.
Анагностопулу по средбата со Димитров се заблагодари на гостопримството и изјави оти е среќна за потпишувањето на историскиот договор и оти претстои продлабочување и зајакнување на соработката и на односите меѓу двете земји. Димитров посочи оти по историскиот успех од Преспа, повторно се потпишал уште еден историски договор.