Над 48 отсто Американци сакаат Трамп да се повлече од функцијата
Осум од десет демократи веруваат дека штабот на Трамп бил во дослух со Москва, додека 7 од 10 републиканци во тоа не веруваат, покажа најновата анкета на Ипсос и Ројтерс. Осумдесет проценти од Американците веќе имаат став дека изборниот штаб ја координирал кампањата на Доналд Трамп со руските официјални лица во текот на 2016.
Резултатите од ова истражување се периодично спроведени во последните две години, во основа не се променети и покрај кривичните пријави против лицата кои учествувале во изборната кампања на Трамп. Авторите на извештајот сметаат дека по досегашните истраги на специјалниот советник Роберт Милер и другите органи во Конгресот, повеќе или помалку се исцрпени можностите значително да се влијае на претседателската кампања во 2020 година. Исто така, тоа може негативно да влијае на Демократската партија, ако тие премногу инсистираат на истрагата.
Околу половина од Американците веруваат дека Трамп се обидел да ги прекине различните федерални истраги за неговата кампања. Во исто време, 48 отсто од испитаните сметаат дека сегашниот претседател на САД треба да се повлече, додека 40 отсто се противат на тоа. Повеќето демократи се за промена, а повеќето републиканци се против.