Вучиќ: Албанците не сакаат дијалог, нашиот одговор ќе биде одлучен
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека косовските Албанци со платформата што ја усвоиле, само покажале дека никогаш не сакале дијалог и дека ниту во иднина нема да го сакаат, но додаде и дека одговорот од српска страна ќе биде одлучен, сериозен и цврст.
„Ќе ја сочуваме Србија и српските интереси и не сме исплашени, ниту од нивните закани, ниту од нивните помагачи“, рече Вучиќ во Белегиш каде што денес ја почна турнејата низ Сремскот округ непосредно по завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност и средбата со третиот човек на Стејт департментот, Дејвид Хејл, кој повика на укинување на таксите наметнати од Приштина и апелираше до двете страни да се воздржат од провокации.
Вучиќ, кој денеска ја продолжи кампањата „Иднината на Србија“, најави дека повеќе за ова ќе зборува во Сремска Митровица, каде што ќе им се обрати на граѓаните.