Сореца: Ако не се реши политичката криза, во прашање е евроинтеграцијата на Албанија
![Сореца: Ако не се реши политичката криза, во прашање е евроинтеграцијата на Албанија](https://gdb.rferl.org/586894D8-7F68-4C31-B0A4-05A28FFCB18E_w800_h450.jpg)
Амбасадорот на Мисијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца порача дека доколку не се надмине политичката криза во земјата се ризикува интегритетот во Европската унија. Тој ја критикуваше опозицијата дека не се повлекува од нејзиниот став, посочи дека е побарано од мнозинството да седне на дијалог и ги осуди изјавите кои поттикнуваат насилство, барајќи протестите да бидат мирни.
Нагласи дека Европската Унија во врска со ситуацијата во Албанија, во последнте две недели е многу јасна,додавајќи дека правото на протест е за секого и оти ги поддржуват сите оние кои протестираат. Но,според него, тоа мора да биде мирно и без поттикнување на насилство.
"Поттикнувањето на насилството е непростливо и очекуваме следните протести да бидат без поттикнување на насилство", рече Сореца.
Тој ги повика институциите да преземат активности за надминување на ситуацијата.