Викендов топло и сончево, од понеделник заладување
Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од западен и југозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 14 до 24 степени.
Во Скопје температурата ќе се искачи до 21 степен.
Од понеделник вечер, подвлијание на влажен и постуден бран ќе настапи значителна промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник,
а температурите ќе бидат во значително опаѓање.