Албанската опозиција демантира дека има поддршка од Москва
![Албанската опозиција демантира дека има поддршка од Москва](https://gdb.rferl.org/91056767-06BE-4366-92B8-373D03B9C89F_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската (ДП), Љуљзим Баша ги отфрли информациите дека обединетата опозиција има поддршка од Москва за одлуката да се откаже од пратеничките мандати и масовните антивладини протести.
Баша изјави дека ваквата пропаганда е потсетување на пропагандата од времето на Енвер Хоџа.
„Младите луѓе можеби не се сеќаваат. Кога ништо друго не се случувало бил измислуван надворешен непријател кој го поддржувал внатрешниот противник. И сега, во овој случај, оние кои
го измислиле ова, ми се чини дека се од времето на Енвер“, изјави Баша за Клан телевизија
Тој вели дека Еди Рама е оној кој ги дочекува руските олигарси во канцеларија, тој им ја дал нафтата на Русите и дека Путин освен кај Еди Рама нема подобра инвестиција на друго место. повторно го дочека Гунвор, нафтата на Албанија им ја даде на Русите. Путин.