Денеска сончево, од утре дождливо и поладно
![Денеска сончево, од утре дождливо и поладно](https://gdb.rferl.org/D37FFC8E-13C8-4B16-B12D-39D26A4E2192_w800_h450.jpg)
Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 14 до 25 степени.
Во Скопје температурата ќе се искачи до 22 степен.
Од утре вечер, под влијание на влажен и постуден бран ќе настапи значителна промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник,
а температурите ќе бидат во значително опаѓање.