Одбележување на 60-годишнината од неуспешниот тибетски бунт
![Одбележување на 60-годишнината од неуспешниот тибетски бунт](https://gdb.rferl.org/7DC2B7F0-9085-40D9-A7AC-6571BB2F8241_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Големи групи луѓе се собраа во будистички храм во северна Индија за да ја одбележат 60-годишнината од неуспешниот тибетски бунт против кинеската власт. Следбениците на Далај Лама извикуваа и се молеа во храмот Дарамсала, каде што 83-годишниот тибетски духовен водач ја формираше владата во егзил, откако избега по кинеското задушување на бунтот во 1959 година.
Далај Лама не беше присутен на церемонијата, но присуствуваа претставници на тибетската администрација во егзил и странски претставници.
„Тибет им припаѓа на Тибетанците“, рече пред насобраните премиерот во егзил, Лобсанг Сангај, додавајќи дека 60-годишната окупација на Тибет и репресија врз Тибетанците е премногу долго.
Во меѓувреме, најмалку три илјади активисти маршираа во центарот на главниот град на Индија, Њу Делхи, носејќи тибетски и индиски знамиња.
Тибет прогласи независност од Индија на почетокот на 20 век, но Кина ја поврати контролата врз регионот во 1951 година. Кинеската влада постојано ги отфрла обвинувањата од организациите за човекови права и од Тибетанците во егзил за репресии врз доминантно будистичките Тибетанци, велејќи дека под нејзина власт дошло до развој во овој некогаш сиромашен и назаден регион.