Караџовски: Нема нови случаи со бактеријата МРСА
Во текот на денешниот ден не се пристигнати пријави за новоифицирани со бактеријата МРСА. За граѓаните е најбитно да не се крева паника, не се работи за тешко смртоносно заболување, се работи за инфекција, изјави денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.
Тој потенцираше дека бактеријата многу често ја има во последно време, а за да стане смртоносна треба да исполнети повеќе услови односно се регистрира кај лица со нарушен имунитет, кај лица кои имаат други тешки заболувања, чие претходно заболување може да придонесе
за отежнато и подолготрајно лекување.
Оваа бактерија, нагласи, бара посебен третман, заради тоа што нејзината вирулетност е голема и бара изолација. Додаде дека при испитување на секоја култура, секој брис, потребно се 48 часа за децидно да се каже има или нема присуство на одредена бактерија.