Ангеловски - Нема незаконско прислушување
![Ангеловски - Нема незаконско прислушување](https://gdb.rferl.org/AB8A21DC-D4D6-414F-A80F-99BDBED1C4AB_w800_h450.jpg)
Не се забележани неправилности во работењето на Оперативно техничката агенција (ОТА) при извршениот увид, рече денеска претседателот на Комисијата за надзор на спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, Емил Димитриев. Тој вели дека од она што им било ставено на увид не забележале прекршување на процедурите и заклучиле дека ОТА работи согласно законот.
Директорот на ОТА, Зоран Ангелоски вели дека нема незаконско прислушување, а во моментов Агенцијата ги следи комуникациите на 188 броеви. Тој вели дека најголем број од прислушувањата се извршуваат по барање на Управа за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност. Ангеловски вели дека комплетно сите процеси се документирани и подложни на увид на надлежните комисии и тела
Тој вели дека ОТА ги има потребните капацитети за да ги задоволи потребите на безбедносниот систем во државата.