Трамп: Неограничен потенцијал за трговски договор помеѓу САД и Велика Британија
![Трамп: Неограничен потенцијал за трговски договор помеѓу САД и Велика Британија](https://gdb.rferl.org/5F7B7BB4-2FA9-4A1C-BC7B-1684AFB3074A_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека има огромен потенцијал за трговски договор помеѓу САД и Велика Британија, во време кога преговорите заБрегзит во Лондон се најдоа во ќорсокак.
"Мојата администрација се радува на преговорите за голем трговски договор со Велика Британија, потенцијалот е неограничен!” напиша Трамп на Твитер.
Британските пратеници денеска треба да се изјаснат за евентуално одложување на датумот за излез на Велика Британија од ЕУ закажан за 29 март. Синоќа, Парламентот ја отфрли опцијата за Брегзит без договор.
Американскиот претседател претходно го критикуваше договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, велејќи дека претставува трговска бариера помеѓу Лондон и Вашингтон. Поддржувачите на Брегзит сакаат договор за слободна трговија со САД веднаш по излегувањето на Британија од ЕУ.