Нема да има нов референдум за Брегзит
Британските пратеници гласа против амандманот со кој се повикува Владата на Велика Британија да го одложи напуштањето на ЕУ до 30 јуни и да одржи втор референдум за Брегзит. Три години откако Велика Британија гласаше за напуштање на Европската унија, само 85 пратеници гласаа за амандманот, 334 гласаа против, додека повеќето пратеници од главната опозициска Лабуристичка партија се воздржаа од гласањето.
И кампањата „Народен глас“ изрази желба пратениците да не го поддржуваат амандманот, затоа што како што рекоа не е вистинско време за тоа.
Синоќа Парламентот ја отфрли опцијата за Брегзит без договор. Вкупно 312 пратеници гласаа против Брегзит без договор, а 308 гласаа за таа опција.
Британската влада после гласањето соопшти дека премиерката Тереза Меј ќе предложи Парламентот да гласа за предлогот до 20 март повторно да биде организирано гласање за договорот што Лондон и Брисел го потпишаа кон крајот на ноември. Парламентот двапати го отфрлаше договорот. Првиот пат во јануари и вториот пат неделава.