Трамп стави вето на одлуката на Конгресот да го блокира
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот стави вето, кое е прво од неговото претседателствување, на конгресната резолуција да се блокира обезбедување итни средства за ѕид на границата меѓу САД и Мексико. "Конгресот има слобода да ја донесе оваа резолуција и јас имам должност да ставам вето", изјави Трамп во Овалната канцеларија.
Трамп доживеа пораз еден ден претходно, кога сенаторите, вклучувајќи десетина малцински републиканци, гласаа за да ја офрлат неговата одлука за вонредна состојба на мексиканската граница. Малку е веројатно дека Конгресот ќе има двотретинско мнозинство за да се надласа ветото на Трамп, но сепак демократите предложија да се обидат. Трамп сака да ја искористи итната наредба за пренасочување милијарди долари во федералните фондови наменети за одбраната за јужниот граничен ѕид.