Жртвите во нападите во Нов Зеланд се на возраст од 3 до 77 години
Документ со список на луѓето убиени во две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд, покажува декажртвите се на возраст од 3 до 77 години.
Властите во Нов Зеланд допрва треба да објават целосни детали за загинатите во терористичкиот напад на 15 март, но денеска е објавен документи од семејствата на починатите. Документот ги содржи имињата на 44 мажи и четири жени. Околу 40 други лица беа повредени вотерористичкиот напад, а многумина од нив се во критична состојба.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, рече дека листата не е "официјална" и "нема да биде се додека официјалната идентификација не биде завршена".
Во меѓувреме, Пакистанското министерство за надворешни работи потврди дека деветмина од 50-те загинати биле пакистански државјани.
Дваесет и осум годишениот Австралиец, за кој се верува дека е екстремист, беше уапсен и обвинет за убиствата. Човекот го објави видеото за нападот на Интернет и објави манифест во кој се вклучени антимуслимански проповеди.