Вучиќ: Пријателите на Заев, Ѓилас и Јеремиќ, се фалат како го осудиле Чавков
![Вучиќ: Пријателите на Заев, Ѓилас и Јеремиќ, се фалат како го осудиле Чавков](https://gdb.rferl.org/05EC7348-7E22-4A0E-8B6D-83E1E9F27207_w800_h450.jpg)
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска на прес-конференцијат по синоќешниот упад на демонстрантите предводени од опозицијата во РТС одговарајќи на прашањата од новинарите, ги спомена водачите на протестите Јеремиќ и Ѓилас како големи пријатели на Зоран Заев. Тој ја спомена и затворската казна на поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, и зборуваше и за "двојните аршини на западните амбасади"
„Интересно е како кај нас постојат двојни аршини. Како е можно западните амбасадори да не го осудат упадот, а во иста секунда ги осудија сите оние кои влегоа во македонскиот Парламент? Големите пријатели на Зоран Заев, тајкуните Ѓилас и Јеремиќ, се пофалија како го осудиле поранешниот министер за внатрешни работи на Митко Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. Според овој принцип, ние можеби треба да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ што ги пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Ѓилас да влезат внатре во РТС. Сметам дека министерот мислел дека има работа со одговорни луѓе и такво нешто нема да им падне на памет" рече Вучиќ
Осврнувајќи се на западните амбасади, Вучиќ рече дека ја очекува поддршката на својот народ, и доплни дека Србија ќе ја зачува стабилноста и ќе ги победи хулиганите.
"Има криминалци тука во Белград кои сакаат да работат во Скопје. Бандитите кои ги избркавме од тука, Саша Мирковиќ, Башановиќ, кој крадеше гаќи во американски шопинг мол, сега е голем советник и е многу важен. Не сакам да зборувам повеќе во моментов“, изјави Вучиќ.