Церар: Лошо ќе биде ако ЕУ не ги препознаe напорите на Северна Македонија
Словенечкиот министер за надворешни работи, Миро Церар изјави дека неговата земја силно поддржува почеток на преговори со Северна Македонија во јуни. Тој ја истакнал важноста на постигнувањето и спроведувањето на Преспанскиот договор, како и на Договорот со Бугарија.
„Би било многу лошо за Европа ако не го препознае тој напор, таа подготвеност за компромис, таа посветеност кон реформите кои ги покажува Македонија, а највеќе ќе трпи европската идеја за интеграција и би било големо разочарување за жителите на Република Северна Македонија“, изјави Церар.
Церар утрово учествуваше и на средбата меѓу министрите за надворешни на ЕУ со македонскиот министер Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи, каде ги пренел истите заложби на неговата земја.