Убиени 3 лица, а 9 повредени во нападот во Утрехт
![Убиени 3 лица, а 9 повредени во нападот во Утрехт](https://gdb.rferl.org/886BED00-DBF6-46C5-A0DE-47916BB9EBED_cx0_cy1_cw0_w800_h450.jpg)
Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Заен изјави дека во нападот на трамвај во градот биле убиени 3 лица, а 9 се повредени. Шефот на националната служба за контратероризам, Питер Јаап Алберсберг изјави дека на нивото на закана од тероризам во Утрехт е кренато на највисоко ниво за наредните 18 часа. Според него, не може да се исклучи дека нападот бил терористички кат.
Но, како што истакна, се уште многу работи се нејасни и локалните власти работат на утврдување на сите факти. Алберсберг посочи дека имало пукање и на други локации без да даде дополнителни детали. Полицијата е во потрага по 37 годишниот Ѓокман Танис, роден во Турција во врска со инцидентот.