Партијата на екс претседателот на Киргистан се приклучува на опозицијата
Социјалдемократската партија предводена од поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев донела одлука да и се приклучи на опозицијата во земјата. Портпаролот на партијата, Кундуз Јолдубаева изјави дека одлуката била донесена за партијата да ја критикува владата и да предлага други начини за развој на земјата.
Таа најави дека партијата наредниот конгрес ќе го одржи на 6 април, но не посочи дали социјалдемократите ќе ја напуштат владината коалиција.