Тимошенко ја брани одлуката Украина да не употреби воена сила на Крим
Поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко ја бранеше нејзината поддршка за одлуката на Киев од 2014 година да не употребува воена сила за да се спротистави на руската анексија на Крим.
Тимошенко која според анкетите, е меѓу првите тројца кандидати на претседателските избори порача дека во тоа време Украина немала војска, ни меѓународна поддршка. Во интервју за Радио Слободна Европа таа истакнува дека Русија само чекала да биде убиен еден нивен војник на Крим за да ја постави својата војска долж украинската граница.