Новинар во Азербејџан осуден на условна казна
![Новинар во Азербејџан осуден на условна казна](https://gdb.rferl.org/A26B0BEC-AB98-4B05-93DF-A85686E09164_cx0_cy16_cw0_w800_h450.jpg)
Судот во Азербејџан му изрече условна казна на независниот новинар Анар Мамадов. Според судот, Мамадов, кој е и уредник на интернет страницата criminal.az е виновен за објавување јавни повици против државата, злоупотреба на професионалните должности и фалсификат.
Мамадов е осуден на 5 и пол години затвор со две години условен период и забрана да ја напушти земјата. Обвинителството во минатата година отвори истрага против Мамадов, обвинувајќи го дека ширел лажни информации за нападот на градоначалникот на Ганка, како и за експлозијата во термоцентрала во градот Мингачевир. Тој тврди дека на неговата интернет страница биле реобјавувани текстови од други извори и агенции.