Отворен граничниот премин меѓу Таџикистан и Киргистан
Граничниот премин меѓу Киргистан и Таџискитан повторно е отворен денеска по успешното завршување на билатерални преговори. Границата беше затворена по насилните судири меѓу локалните жители на 13 март при што загинаа двајца државјани на Таџикистан.
Жителите на киргистанските села покрај границата кои беа евакуирани се вратиле во нивните домови. Со преговорите се постигна и договор за изградба на локални патишта, што и беше причината за првичниот спор.