Меј ќе бара од ЕУ одложување на „Брегзит“
Британската премиерка Тереза Меј денеска се очекува да побара од ЕУ одложување на излегувањето на Велика Британија од блокот, пренесува АП.
Министерот за образование на Велика Британија Дејмијен Хиндс денеска за Би-Би-Си изјави дека вистинската опција е пократко одложување на „Брегзитот.“
Хиндс рече дека процесот на Брегзит веќе трае подолго од две години и оти смета дека луѓето малку се уморни од чекање Парламентот да усови договор за излез од Унијата.
Британската влада ги разгледува опциите за Брегзит, а Британија би требало да излезе од ЕУ на 29 март. Британскиот Парламент минатата недела одлучи Лондон да побара согласност од ЕУ за одложување на Брегзитот за најмалку три месеци, до крајот на јуни, додека некои лидери од ЕУ посочија дека за процесот можно е да бидат потребни уште две години.
Меј планираше оваа недела по трет пат да изнесе пред пратениците постигнат договор за излез од ЕУ, но претседателот на Парламентот одлучи дека таа не може повторно да бара гласање за истиот договор кои пратениците веќе два пати го отфрлија.
Било какво одложување на излезот на Британија од ЕУ треба да го одобрат сите 27 членки на блокот.