Неколку повредени во земјотрес во Турција
Земјотресот со магнитуда од 5,7 степени го погоди југозападниот дел на Турција. Епицентарот беше лоциран во Акипајам, околу 56 километри југозападно од градот Денизли, соопшти Геолошкото истражување на САД. Турската опсерватроија Кандили вели дека земјотрсот бил со магнитуда од 5.6 степени, а Турската агенција за управување со катастрофи соопштио дека по него следувале и два помали потреси. Гувернерот на регионот Денизли Хасан Карахан изјави дека три лица биле повредени од паѓање тули или по скокање од балконите. Земјотресот предизвикал и оштетување на неколку домови. Во 1999 година, во земјотрес во Турција со магнитуда од 7.4 степени загинаа повеќе од 17 илјади луѓе.