Одложени претседателските избори во Авганистан
![Одложени претседателските избори во Авганистан](https://gdb.rferl.org/8C574ADF-7796-4A50-B166-11C7C161D256_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Претседателските избори во Авганистан, првично предвидени за 20 април и веќе еднаш одложени, денеска повторно беа одложени за 28 септември, објави Независната изборна комисија.
На парламентарните избори во октомври минатата година имаше бројни проблеми и предизвици поради што е потребни да се спроведат реформи и подготовките за наредните избори, наведе Комисија, додавајќи дека како последица на тоа не е можна организација на изборите на претходно одредениот датум.
Одложување треба да овозможи подобра примена на изборниот закон и да обезбеди транспарентност и регистрирање на гласачите, се наведува во соопштението.
Портпаролот на претседателот Ашраф Гани изјави дека владата ја почитува оваа одлука и дека е спремна да соработува со Независната изборна комисија.