Изгоре куќа на 12-члено семејство во беровско Русиново
По голем пожар во беровското село Русиново, без својот дом остана дванаесетчленото семејство Мирчевски. Според сведочењето на Александар Мирчевски, кој прв го забележал пожарот, вели дека огнот почнал да се шири од подрумот и да ги зафаќа собите во куќата.
Го повикал негивот брат и успеле да ги изнесат сите од куќата и да ги спасат од пожарот. Велат дека пожарникарите направиле се што можат да го изгснат пожарот, но тој брзо пеплосал се. Од семејството Мирчевски апелираат на помош и од граѓаните и од државата, бидејќи се им изгорело во пожарот.