Шапуриќ: Помалку царински бариери за поголема економска соработка на земјите од ЈИЕ
![Шапуриќ: Помалку царински бариери за поголема економска соработка на земјите од ЈИЕ](https://gdb.rferl.org/CB89F3D4-0726-47EE-BBE9-1A7510D357E5_w800_h450.jpg)
Министерите за странски инвестиции Зорица Апостолска и Зоран Шапуриќ учествуваа на шестиот „Регионален самит на претприемачи на Средна и Југоисточна Европа – 300 најдобри“, што се одржа во Дубровник, Хрватска.
Министерката Апостолска, како што информираат од нејзиниот кабинет, порачала дека со зачленувањето во НАТО и цврстата определба за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, Владата внела политичка стабилност и заедно со економските политики креирала опкружување кое делува охрабрувачки за припадниците на бизнис заедницата.
Министерот Шапуриќ, пак, нагласил дека е неопходно олеснување на прометот со стоки и услуги преку редуцирање на административните и царинските бариери во регионот на Средна и Југоисточна Европа.
„Државата и бизнисот потребно е да бидат партнери, да развиваат интерактивен дијалог во креирањето и реализацијата на политиките кои го олеснуваат регионалното економско поврзување помеѓу земјите“, рекол Шапуриќ.