Трамп: Вие што верувате во ИД и одите да се борите за неа - ќе бидете мртви
„До сите млади луѓе на интернет кои веруваат во пропагандата на исламската држава им порачувам дека ќе бидат мртви ако ѝ се придружат“.
Ова американскиот претседател Доналд Трамп им го порача на потенцијалните регрути на исламската држава и повтори дека воените сили со поддршка на САД ја „ослободиле целата територија што била под контрола на таа терористичка група во Сирија и Ирак“.
„Наместо тоа, обидете се да имате добар живот. Иако овие кукавици некогаш повторно ќе се појават, го изгубија цел престиж и моќ. Тие се губитници и секогаш ќе бидат губитници“, рече американскиот лидер и додаде дека САД „ќе останат будни во врска со исламската држава со усогласување на глобалната анти-терористичка иницијатива за милитантната група да се порази каде и да делува“.