ДКСК ќе проверува дали службените возила се користат во кампања
![ДКСК ќе проверува дали службените возила се користат во кампања](https://gdb.rferl.org/c8a613cd-e7ad-4ceb-9683-832fbe230b07_tv_w800_h450.jpg)
Испративме барање до сите јавни институции да ни достават список на нивните службени возила, по марка и по регистрација, да изготвиме база на податоци којашто ќе ја ставиме на нашата веб страница и која ќе можат да ја користат и невладините организации кои го следат изборниот процес. Намерата е да спречиме службени возила да се користат во кампања, вели шефицата на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.