Могерини во Кабул - ЕУ секогаш е на страната на народот
ЕУ го подржува мировниот процес предводен од Авганистан, рече шефицата за надворешна политика на Унијата, Федерика Могерини, за време на посетата на Кабул.Таа на заедничката прес-конференција со претседателот на Авганистан Ашраф Гани рече дека ЕУ секогаш била на страната на авганистанскиот народ, без притоа да има друга агенда освен мир, безбедност и просперитетот на земјата распарчена од војни. Изјавите на Могерини доаѓаат на две недели по завршувањето на преговорите меѓу САД и Талибанците во Катар за крај на 18 годината војна во Авганистан.
Владата во Кабул, поддржана од Западот, се пожали дека е оставена надвор од разговорите, затоа што талибанците не сакаат да преговараат, како што велат со „марионетата на САД“.
Могерини имаше средба и со главниот извршен директор на Авганистан, Абдула Абдула.