Казнет руски активист кој водел малолетници на протест
![Казнет руски активист кој водел малолетници на протест](https://gdb.rferl.org/762566CF-ECEF-41F7-906D-52D1FF39607E_cx0_cy8_cw0_w800_h450.jpg)
Осумнаесетгодишен руски активист е првиот човек казнет според новиот закон со кој им се забранува на возрасните да охрабруваат малолетници да учествуваат во недозволени протести. Судот во Калининград пресуди дека Иван Лузин го прекршил законот со тоа што на протестите донел две девојки кои имале по 16 години. Тој е казнет со парична казна во износ од 30 илјади рубљи или 465 долари.
Според законот потпишан од претседателот Владимир Путин во декември, сторителите можат да бидат казнети со затворски казни до 15 дена, општо корисна работа и парични казни до 50.000 рубли (775 долари).
За активистите, пак, законот е дел од постојаните напори на владата на Путин да ги задуши несогласувањата и да ги ограничи уличните протести.
Лузин беше обвинет по протестите во центарот на Калининград, во кои тој и две девојчиња држеа постери со кои им изразуваа поддршка за двајца затворени активисти.