Бектеши: Не очекував со првиот филм да патувам во Москва!
„Незаборавна пролет во заборавеното село“ е насловен долгометражниот игран филм на сценаристот и режисер Куштрим Бектеши, чија премиера ќе се случи овој петок, на 29 март, во скопското кино „Синеплекс“. Филмот ќе биде прикажан и во официјалната селекција на Московскиот филмски фестивал.