Османи: Соработка со Евростат за пописот да биде успешен
Уште оваа година ќе почнат подготовките за пописот кој треба да се одржи следната година и планот е да нема пречки при одржување на операцијата, за пописот да биде успешен и да се добијат веродостојни резултати, рече вицепремиерот Бујар Османи, на денешната средба со Делегација на Евростат предводена од секторскиот директор, Едуардо Баредо Капелот.
Османи вели дека новиот закон за попис е во финална фаза во владината постапка. Тој очекува предлогот да биде усвоен, со што ќе влезе и во собраниска процедура. Вицепремиерот вели дека е потребна поблиска соработка со за да се отстрани каков било сомнеж во веродостојноста на резултатите, ако се има предвид лошото искуство и создадената недоверба од неуспехот во спроведувањето на процесот минатиот пат.