Романија и забрани на обвинителката Ковеси да ја напушта земјата и да зборува со медиуми
Романија и забрани на поранешната антикорупциска обвинителка Лаура Ковеси да ја напушта земјата и за зборува со медиумите, откако ја осомничија за злоупотреба на функцијата, поткуп и лажно сведочење. Тие обвиненија Ковеси ги негира. По сослушувањата од обвинителите за делата за кои ја сомничат, Ковеси изјави дека има обвинителска забрана за јавно споделување детали за случајот
„Ова е обид да ме замолчат, да не исплашат сите во правосудниот систем што си ја вршиме работата. Најверојатно некои луѓе се толку очајни дека можам да ја добијам работата (главен обвинител на ЕУ) и затоа не ми дозволуваат да зборувам со медиумите“, рече
Ковеси.
Таа се смета за симбол на борбата против корупцијата во Романија, но се соочува со непријателство од страна на романската Влада.Ковеси е фаворит за функцијата европски обвинител.
Обвинувањата може да ги влошат односите меѓу европските лидери и Романија, која е меѓу најкорумпираните земји во ЕУ.