Косово нема информации за Демири и Исмаиловиќ обвинети во Монструм
Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“. Тој вели дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потерница и од Косово побараа да бидат екстрадирани.