Најмалку 14 загинати во поплавите во Авганистан
Најмалку 14 луѓе загинаа во поплавите во Авганистан. Официјални претставници за Радио Слободна Европа изјавија дека девет луѓе загинале во западната провинција Херат, а петмина биле пронајдени мртви во северозападен Авганистан. Илјадници куќи биле оштетени или уништени во поплавите предизвикани од обилните дождови.
Во изминатите неколку недели во Авганистан се забележани зголемени врнежи од дожд и снег.