Неколкумина мигранти се обиделе да влезат во Американската амбасада во Подгорица
Неколкумина мигранти денеска се обиделе да влезат во просториите на Американската амбасада во Подгорица, но обезбедувањето ги спречило, потврди полицијата. Ним не им бил дозволен влез во Амбасадата, зашто немале претходно закажан прием.
Обезбедувањето ја повикало полицијата да ги отстрани од објектот.
Околу зградата на Амбасадата имаше зголемено присуство на припадници на Специјалната антитерористичка единица на полицијата.