"Ролинг Стоунс" ја одложија турнејата во САД и Канада
Британската рок-икона, Мик Џегер изјави дека е "уништена" откако бендот “Ролинг Стоунс” беше принуден да ги откаже датумите за најавените концерти за турнејата во САД и Канада, поради потребата од негов медицински третман.
"Навистина мразам што вака ве разочарувам. Уништен сум што морам да ја одложам турнејата, но ќе работам многу напорно за да се вратам на сцената веднаш штом ќе можам”, напиша 75-годишниот пејач на Твитер, без да посочи каков третман му следува.
Рок легендите објавија дека ќе ги презакажат датумите.
"Мик беше советуван од лекарите дека тој не може да оди на турнеја во овој момент, бидејќи му треба медицински третман",се вели во официјалната изјава на бендот.
Бендот, кој е формиран во 1962 година, требаше да одржи 17 концерти во САД и Канада во периодот од април до јуни.