Најмалку 35 мртви во поплавите во Авганистан
Најмалку 35 лица загинале во поплавите во Авганистан, а неколкумина се исчезнати во обилните поплави кои меѓудругото, предизвикаа големи штети врз домовите и го прекинаа пристапот до оддалечените села низ делови од земјата, објавија авганистанските власти.
Во силните поплави кои почнаа вчера,загинале најмалку 12 лица во северната провинција Фарјаб и 10 лица во западната провинција Херат, изјави портпаролот на авганистанскиот Национален управен орган за справување со катастрофи, Хашмат Бахадури.
Осум лица починале во провинцијата Бадгис на запад, а петмина во провинцијата Балк на север, изјави Бахадуридодавајќи дека повеќе од 3.000 куќи биле уништени. Според извештаите на надлежните, поплавите уништиле стотици домови, некои историски локации, илјадници хектари обработливо земјиште, мостови и автопатишта.