Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2018

Новости за 05.03.2018

Делегација од Јужна Кореја на средба со Ким Џонг Ун

SlobodnaEvropa.mk 

Делегација од Јужна Кореја која е во посета на Северна Кореја се сретнала со лидерот на земјата Ким Џонг Ун. За прв пат делегација од Јужна Кореја се среќава со Џонг Ун која доаѓа во услови на ривалство меѓу двете земји од неодамнешните зимски олимписки игри во Пјеонгчанг. По посетата делегацијата на Јужна Кореја ќе отпатува во САД каде ќе оствари средба со претставници на властите. Во фокусот на средбите е како да се намалат „нуклеарните“ тензии и да са притисне за разговори меѓу Пјонгјанг и Вашингтон.

Украинските сили обвинуваат за прекршување на примирјето

SlobodnaEvropa.mk 

Украинската армија ги обвини проруските сепаратисти во Донбас за прекршување на примирјето веднаш по неговото стапување на сила на 5 март на полноќ. Примирјето беше договорено на разговорите во кои учествуваа претставници на Русија, Украина и на ОБСЕ.Според украинските сили, сепаратистите извршиле напади врз владини позиции во покраината Луганск околу еден часот по полноќ, при што тие не возвратиле на огнот.

Судењето за „Шпион“ одложено поради отсуство на еден од адвокатите

SlobodnaEvropa.mk 

Рочиштето за предметот „Шпион“ на СЈО денеска е одложено поради оправдано отсуство на еден од адвокатите на обвинетите, Туше Гошев. Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд, а предметот СЈО го презеде одредовното обвинителство. Следното рочиште е закажано за 19 април. Во случајот „Шпион“ осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.



Коалицијата на Берлускони води на изборите во Италија

SlobodnaEvropa.mk 

Раните резултати од изборите во Италија покажуваат дека централнодесничарската коалиција предводена од партијата на Силвио Берлускони најверојатно ќе освои најмногу гласови, но нема да има доволно поддршка за самостојно да формира влада. Со изборени повеќе од половина од гласовите, коалицијата на Берлускони освоила 37 проценти од гласовите. Според италијанскиот изборен систем на коалицијата и требаат најмалку 40 проценти од гласовите, за да обезбеди мнозинство. Движењето 5 ѕвезди предводено од... Читать дальше...

Коѕијас во втората половина на март во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев најави дека шефот на грчката дипломатија, Никос Коцијас треба да пристигне во посета на Скопје во втората половина на март. Новата рунда во преговорите под раководство на медијаторот Метју Нимиц, според него, се очекува да биде закажана на крајот на март или почетокот на април. Заев по синоќешната средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека очекува Коѕијас во Скопје да ја презентира грчката нацрт-верзија за решавање на спорот за името.

Павлополус: Промена на Уставот предуслов за договор за името

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот претседател Прокопис Павлополус изјави дека предусловите за решавање на спорот за името се промена на Уставот и име кое нема да зрачи иредентизам. Тоа според него, би се обезбедило со три гаранции: „не“ за промена на границите, „не“ за етнички заедници вон границите и „не“ за јазик што би настојувал на права вон границите. Павлопулос, вчера од грчката општина Пиндас-Колиндру, каде што беше прогласен за почесен граѓанин порача дека промената на Уставот е предуслов за постигнување решение... Читать дальше...

Амбасадата на САД во Турција затворена поради безбедносни причини

SlobodnaEvropa.mk 

Американската амбасада во Турција која беше цел на самоубиствен бомбашки напад во 2013 година објави дека денеска ќе биде затворена поради „безбедносно предупредување“. Меѓу Турција и САД, сојузници во НАТО, односите се напнати со месеци, бидејќи Анкара го обвини Вашингтон дека ја вооружува главната милиција на Курдите во Сирија против која Турција покрена офанзива во енклавата Африн, во северозападна Сирија.

Доделени годинашните Оскари

SlobodnaEvropa.mk 

„Обликот на водата“ освои четири Оскари на церемонијата во Лос Анџелес. Филмот на Гилермо дел Торо - за една немоќна жена која се вљубува во мистериозно водно суштество заробено во владина лабораторија - ја освои највисоката награда за филм. Оскар за најдобар актер во машка конкуренција освои Гери Олдман за неговата улога како британскиот лидер Винстон Черчил. Во женска конкуренција победи Френсис Мекдорманд кој освои Оскар за нејзината улога во филмот „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“.



Вашингтон ја осуди офанзивата во Сирија поддржана од Русија и Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите држави ја осудуваат офанзивата на режимот на Сирија врз бунтовничката енклава источна Гута, предградие на Дамаск која се води со „поддршка на Русија и Иран“, соопшти вчера Белата куќа. Во соопштението исто така се осудува Москва дека ја игнорира резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации од 24 февруари за 30 дневно примирје во Сирија. Сирискиот претседател Башар ал Асад предупреди дека офанзивата врз оваа енклава која почна пред две недели ќе продолжи.

Собранието ќе избира уставен судија и членови на Советот на ЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 35. седница на која на дневен ред се Предлогот за избор на судија на Уставниот суд и Предлогот за избор на членови на Советот на јавните обвинители. Насер Ајдари е предложен за нов уставен судија. Во Уставниот суд е испразнето само местото на Исмаил Дарлишта, по изборот на Дарко Костадиновски и Осман Кадриу во јануари годинава. За членови на Советот на јавни обвинители се предложени Ангел Солев, поранешен судија и Ангеле Илиевски, адвокат. Читать дальше...

Косово одбележува 20 години од смртта на командантот на ОВК Јашари

SlobodnaEvropa.mk 

Со свечена седница на Собранието на Косово денеска почнува одбележувањето на 20 годишнината од смртта на командантот на поранешната Ослбодителна војска на Косово Адем Јашари и над 50 негови роднини. Покровител на одбележувањето е премиерот Рамуш Харадинај. Првиот час на сите основни и средни училишта на Косово ќе му бидат посветени на Јашари. Утре ќа бидат положени цвеќина на гробот на Јашари во Преказе. Годишнината ќе биде одбележана и во Скопје и во Тирана.

Италија пред политички ќорсокак

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанските избирачи, според неофицијалните резултати од вчерашните избори, изгласаа парламент во кој рекорден број места добија популистичките и екстремно десничарските партии. Со тоа, според експертите, Италија која е третата по големина економија во еврозоната влегува во политички ќорсокак кој би можел да трае со месеци.

Италија пред политички ќор сокак

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанските избирачи, според неофицијалните резултати од вчерашните избори, изгласаа парламент во кој рекорден број места добија популистичките и екстремно десничарските партии. Со тоа, според експертите, Италија која е третата по големина економија во еврозоната влегува во политички ќор-сокак кој би можел да трае со месеци.

Вучиќ прогласи победа на општинските избори во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на вчерашните општински избори во Белград откако излезните анкети покажаа дека неговата владејачка Српска напредна партија добила околу 45 насто од гласовите. Според првичните резултати, листата на поранешниот градоначалник на Белград Драган Ѓилас имала освоено околу 19 насто. „Ова е најдобар резултат во Белград досега. Оваа победа не беше лесно да се постигне“, изјави Вучиќ пред неговите сопартијци. Одѕивот на овие избори бил околу 51 насто. Конечните резултати се очекуваат во вторник.

Водостоите зголемени, очекувано е да има излевање на Вардар

SlobodnaEvropa.mk 

Водостоите, особено во западните делови на Македонија покажуваат натамошно зголемување. Од УХМР информираат дека на реките Црна, Треска, Вардар се забележани тенденции на покачувања. „На станицата во Јегуновце (р.Вардар) измерени се 214 cm и според согледувањата соодветно на водните количини во реката, во околина на станицата очекувано е да има излевања на реката Вардар“, наведуваат во соопштението. Поради појавата на високи водостои и излевања се предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ Македонија... Читать дальше...

Времето денеска: врнежливо

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои ќе започнат претпладне во западните делови. Од пладневните часови врнежите ќе се прошират кон исток, а преку ноќта ќе бидат поинтензивни насекаде. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 7 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 11 степени.

Заев и Мицкоски разговарале за враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Преговорите за името со Грција, Законот за јазиците и враќањето на опозицијата во Собранието, биле главните теми за кои вечерва во Владата повеќе од два часа разговараа премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. По средбата што се одржа на покана на Заев, Мицкоски во изјава за медиумите рече дека сè уште не се создадени услови за враќање на пратениците од неговата партија во Собранието. Очекува да се вклучат во работата на законодавниот дом само како комплетна пратеничка група... Читать дальше...



Москва

Студенты Академии Игоря Крутого раскрыли свои таланты


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин объявил о начале работы хаба молодежного предпринимательства



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Андрей Макаревич

СК заинтересовался Макаревичем* после разговора с "Зеленским" и слов о концерте в Киеве




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

«23 and Friends»: в Москве состоялся спортивно-музыкальный фестиваль Аш 23

После концерта и в дождь дороже: как складываются цены на поездки на такси

Чемпионат по служебному биатлону состоялся в столичном главке Росгвардии


Елена Рыбакина

Елена Рыбакина добилась впечатляющего достижения



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Два дня, наполненных театром, музыкой, книгами и наукой, — в Парке Горького во 2-й раз прошел Московский детский фестиваль искусств «НЕБО»



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России