Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2018

Новости за 06.03.2018

Вработени во Еурокомпозит ќе кампуваат пред Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Вработени од прилепскиот загубар Еурокомпозит денеска најавија дека ќе постават шатори пред Владата и ќе кампуваат се додека не им бидат исплатени заостанатите плати. Тие протестите ќе ги започнат пред зградата на ССМ во Скопје, а ќе продолжат пред Собранието, а потоа и пред Владата. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера изјави дека Владата во наредните пет до шест месеци ќе го реши проблемот. Тој најави и дека вработентите во Еурокомпозит ќе ги земаат засотанатите плати.

Убиени 31 милитант во напади на авганистанските сили

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 31 осомничен бунтовник, меѓу кои и милитанти на Исламска држава биле убиени во изминатите 24 часа во копнени и воздушни напади на авганистанските сили низ земјата. Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека 17 милитанти биле повредени, а двајца уапсени, а биле спроведени 13 напади врз нивни засолништа. Во бомбашки напад во покраината Нангахар загинале две лица, а три биле повредени. Се уште никој не презема одговорност за нападот.

Србија од утре со контрамерки поради проблемот со брашното

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ изјави дека неговата земја од утре ќе воведе контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно. Тој во изјава за „Данас“ порача дека освен купување време од Македонија не видел подготвеност за решавање на проблемот. Љајиќ истакна дека бил подготвен да го посети Скопје и да разговара со претставници на македонската влада, но се откажал бидејќи не слушнал конкретен предлог.



Ѕанакопулос: Мора да се промени Уставот за да важи ерга омнес

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос изјави дека уставното име на Македонија треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес. Тој за грчката државна телевизија ЕРТ посочи дека тоа е потребно, бидејќи во иднина Уставниот суд на Македонија може да донесе одлука дека премиерот Зоран Заев немал надлежност да го потпише конкретниот договор. Ѕанакопулос истакна дека нацрт спогодбата сѐ уште е во фаза на разработка, а за доставувањето до Македонија, официјално ќе биде соопштено од грчкото МНР.

ОМД со осуда на палењето слики и симболи на протестите

SlobodnaEvropa.mk 

Обединетата Македонска Дијаспора соопшти денеска дека го осудува чинот на палење на национални симболи и слики од политички субјекти на протестите на дијаспората против промена на името, кои се одржаа на 3 и 4 март.  „ОМД, како и другите организации предводници на движењето “НиеСмеМакедонија”, повеќекратно повикаа на мирен и демократски протест со цел зачувување на уставното име, јазик и идентитет“, се наведува во соопштението. Од ОМД посочуваат дека се се оградуваат од одговорност, бидејќи демонстрантите... Читать дальше...

Турција, Русија и Иран ќе одржат самит за Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Турција, Русија и Иран ќе одржат самит во наредниот месец на кој ќе се разговара за ситуацијата во Сирија и мерките кои треба да се преземат во регионот. Портпаролот на турското МНР, Хами Аксој го најави самитот но не посочи каде тој ќе се одржи. Русија и Иран не ја потврдија информацијата. Аксој изјави дека Турција ќе им порача на американските власти дека треба да преземат конкретни чекори за преземање на оружјето од сириската курдска милиција. Претставници на турските и американските власти ќе се сретнат на 8 и 9 март во Вашингтон.

Трамп можеби ќе присуствува на отворањето на амбасада на САД во Ерусалим

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја разгледува можноста да престојува во Израел за планираното отворање на новата амбасада на САД во Ерусалим во мај годинава. Тој ова го рече пред почетокот на неговите разговори во Белата куќа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Трамп го налути арапскиот свет, како и сојузниците кога лани објави дека Соединетите држави го признаваат Ерусалим за главен град на Израел и затоа таму ќе ја преселат својата амбасада.

Советник на Путин смета дека Западот сака да ја исклучи Русија од Интернет

SlobodnaEvropa.mk 

Герман Клименко, еден од водечките советници на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија била подготвена доколку Западот се обиде да ја казни Русија со исклучување од глобалниот интернет. „Да, можете само да го притиснете копчето и да исклучите некоја земја“, рече тој. Русија е обвинета за сајбер напади од неколку земји. Соединетите држави формираа и посебна комисија за да ги итсражи наводите за руско мешање во претседателските избори во 2016 година.



Ким Џонг Ун сака обединување на двете Кореи

SlobodnaEvropa.mk 

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун имал, како што ги оцени, „отворени“ разговори со претставници на Јужна Кореја при што ја изразил неговата „цврста волја“ енергично да напредуваат разговорите за реунификација на двете Кореи. Неговиот денешен состанок со претсатвници на Јужна Кореја беше прв од таков вид досега и најнов сигнал дека двете Кореи се обидуваат да ги подобрат односите по едногодишните тензии околу нуклеарните проби на Северна Кореја. Меѓутоа, неговата намера за реунификација беше примена... Читать дальше...

Судско рочиште за „Поткуп“

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи судење за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Минатото рочиште беше одложено по барање на одбраната, а претходното, пак, на барање на јавниот обвинител, кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на рочиштето. Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Екс руски шпион во критична состојба во Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешен руски шпион се наоѓал во критична состојба откако дошол во контакт со „непозната супстанца“ во Салсбери, јавија британските медиуми, наведувајќи дека станува збор за Сергеј Скрипал кој во 2006 година беше осуден на 13 години затвор за шпионажа за британската агенција МИ6.

Собраниска седница за амандманите за Законот за јазиците

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска напладне го закажа продолжението на 32-та седница на која на дневен ред се и амандманите за Законот за употреба на јазиците за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35.000 амандмани. Доколку дојде до некаква расправа по оваа точка би можело да се очекува на седницата да учествуваат и пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои најавија присуство за амандманите. За денеска е закажано и продолжение на 11. седница на која има заостанато една... Читать дальше...

Водостоите најкритични во северозападниот и пелагонискиот регион

SlobodnaEvropa.mk 

Во врска со интензивните врнежи од дожд и топењето на снегот, кои предизвикаа зголемување на водостоите на неколку реки во Македонија, седница одржа Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи. Притоа е констатирано дека ситуацијата била најкритична во северозападниот регион на Македонија, но и во Пелагониската котлина, како и во градот Скопје. Според податоците од надлежните институции, значително се зголемени водостоите на реките Вардар, Црна, Треска, Сатеска, Радика, како и на реката Пчиња. Читать дальше...

Времето денеска: претежно облачно и врнежливо

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Поинтензивни ќе бидат во западните и крајните источни делови, локално и до 15 литри на квадратен метар. Само на повисоките планини ќе има повремен снег. Во јужните делови ќе има услови за локални грмежи. Температурата ќе се движи од 4 до 17 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 15 степени.



Москва

Топ-5 самых ярких зарубежных архитектурных проектов на первичном рынке Москвы


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: Москва и Пекин подписали программу сотрудничества на 2024-2026 годы



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Дима Билан

Анна Asti и Дима Билан стали лучшими исполнителями по версии премии МУЗ-ТВ




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча


Людмила Самсонова

Людмила Самсонова не отдала голландскую траву // Она продолжила серию российских побед на теннисном турнире в Хертогенбосе



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Авиарейсы из Москвы в Читу станут ежедневными с 30 июня



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России