Хаменеи бара зајакнување на иранската одбрана
Иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи побара од вооружените сили да ги зголемат обдранбените капацитети и покрај тоа што оцени дека не се големи можностите за нов воен конфликт. До овие негови забелешки доаѓа откако претходниот ден Иран соопшти дека планира да го зголеми бројот на балистички и крстосувачки ракети и да обезбеди модерни борбени авиони поради растечките тензии со Соединетите држави.